Еднособен стан за домување - GMS

GMS





Еднособен стан за домување

Еднособен стан за домување

ЕДНОСОБЕН СТАН ЗА ДОМУВАЊЕ

Овој проект се однесува на ентериерно решение за еднособен стан со површина од 4ом2 со додатна галерија од околу 5м2.
Како најфункционално и естетски најиздржано решение за поврзување на долниот простор на станот со горната галерија, изведени се скали од челичен лим , кои во исто време ја превземаат и функцијата на библиотека , комода за телевизор и ситем .
За да се даде еден интересен изглед, а воедно и да се разигра белиот простор над кујната, поставивме графики кои го следат обликот на трапезоидните простори кои се формираат во поткровјето. Графиките се дела на уметникот Дјана Томиќ- Радевска и интересно се вклупуваат со концептот на просторот.
Во просторот преовладува белата боја за визуелно да се прошири просторот. Белата боја е разиграна со неправилни линии на библиотеката, како и детали во јаки бои – зелен двосед, црвена позадина на кујната , вратнички во црвена и зелена боја на библиотеката.