Бутик “Mакпримат” - GMS

GMS





Бутик “Mакпримат”

Бутик “Mакпримат”

ЕНТЕРИЕРНО РЕШЕНИЕ ЗА БУТИК “МАКПРИМАТ”

Овој проект се основа на целосно реновирање и проширување на простор за бутик “МАКПРИМАТ” koj се нaoѓа во Градскиот Трговски Центар ГТЦ во Скопје. Влезот на бутикот се наоѓа на приземјето на Трговкиот Центар и е ориентиран кон северната страна на главната пешачка зона.
Со додавање на новиот простор од 86м2, на постојниата површина од 227м2 се добива вкупна површина од 313м2.

Новопроектираниот дел го искористивме за изложување на машка облека , со што значително се зголеми и просторот за изложување на женска облека.Просторот за магацинот исто така се прошири и се доби површина од 28м2. Во бутикот е проектирано и посебно ВЦ за вработените со приклучување на постојниот водовод и канализација на ГТЦ. Во вц-то се влегува само преку магацинот, до кој имаат пристап само вработените. Вкупната површина која ја одвоивме за гардеробите е 20м2 , со што покрива 4 машки и 5 женски гардероби.

Со вадење на спуштениот плафон и користење на целосната висина на просторот од 3,3м , со користење на претежно светли бои и значително зголемување на постојната светлина со вметнување на нови светлосни тела , визуелно го зголемивме просторот. За реновирање на бутикот беше изготвен целосно нов проект за ентериерно уредување , со изработка на посебен мебел кој одговараше на потребите на бутикот. При проектирањето го задржавме постоечкиот концепт на фирмата Макпримат, која е поим за елеганција, квалитет, сериозност. Целиот амбиент вклопен со боите и мебелот го подржуваат концептот на традицијата но сепак освежен со еден нов модерен пристап. Ентериерното решение сметаме дека нуди најдобро функционално решение за потребите на инвеститорот.