Баду бар - GMS

GMS





Баду бар

Баду бар

БАДУ БАР

Проектирање и ентериерно уредување на бар со опуштена атмосфера и светли бои. На местото на барот се наоѓаа две простории (еден изложбен и еден канцеларски). Со рушење на преградниот ѕид и некои мали зафати успеавме да го добиеме саканиот простор. Главен концепт е употребата на репариран стар мебел и реупотреба на некои стари предмети со пренамена на нивната функција. Поради тоа што името на барот е според името на познатат пејачка Ерика Баду, како главна боја ја користевме нејзината препознатлива боја –зелената. На еден од челните зидови има колаж од Баду и над него се наоѓаат шешири дизајнирани во стилот на пејачката, каде овој пат се во функција на лустери.