Читална - GMS

GMS





Читална

Читална

ЧИТАЛНА

Уредување на мултифункционален простор за читање, слушање музика, работење, воедно простор за презентации и групно учење во МБУЦ- Музичко Балетски Училишен Центар. Просторот се наоѓа над библиотека, која е на долниот спрат и е поврзана со горниот простор со скали. Подот е направен од концентрични кругови кои се прошируваат од главниот отвор на скалите. Главниот концепт е создавање на простор со духовит и разигран карактер, со релаксирачка атмосфера. Со разните форми на прекршување на просторот добиваме впечаток на негово визуелно проширување.