Reuse design - GMS

GMS





Reuse design

Reuse design

REUSE DESIGN

Ентериерно уредување на Сули-Ан (“Универзитет на уметноста” и “Музеј на Стара чаршија”) со промена на сегашната функција во неговата оригинална. Во уредувањето се користат различни видови на пренаменет мебел-Reuse design. Оригиналната функција на просторот е комерцијален, мултифункционален простор со голем ресторан-бар и концертна сала. По оргиналниот проект се задржува просторот на првиот кат да биде искористен за ресторан-бар. Во централниот дел-внатрешен двор, има два дела кои се поголеми од остатокот на просторот (на исто ниво со скалите). Поголемиот може да се користи како сцена за концертен настап или театарска претстава, додека помалиот како писта за модна ревија. Ресторанот бар е поврзан со целиот овој внатрешен дел како и со надворешниот дел -дворот на првиот спрат. Тој може да се користи како отворено кино каде ке се даваат проекции на уметнички, алтернативни филмови. Вториот кат се користи како изложбен простор. Сулиан потекнува од зборо Сулу што значи “со вода.” Мојата идеја беше да се задржи значењето на овој концепт. За таа цел подот е направен од еден интересен мозаик од пренаменети материјали, која е покриен со рециклирано стакло, симболизирајки ја водата. Со овој мозаик идејата беше да се добие една интересна, игрива и флуидна појава на подот, но во исто време да се прикаже и повторна употреба на многу предмети што се дел од секојдневниот отпадок. За да се избегне употребата на преградни ѕидови (како во постоечката состојба), централниот дел е затворен со кров. Кровот е направен од стакло, така што го задржува количеството на светлина во просторот.